Група од педесет пензионери, членови на ЗП Струга летуваа седум дена во туристичкиот град Драч во соседна Албанија.
Попатно пензионерите направија неколку кратки паузи за освежување.Со интерес и восхит ги разгледуваа попатните комплеси, полни со убавина собрани на едно место.Потоа патот ги водеше до приморското градче Драч, каде што ЗП Струга со години летува на ова прекрасно место. Најголемиот дел од пензионерите прв пат имаа прилика да го посетат Драч и одморалиштето.
Драч – Приморски град во Албанија кој излегува на Јадранско Море.Претставува седиште на Драчката област средна Албанија,на 35 километри од главниот град Тирана.Драч претставува најголемо пристаништа во Албанија и важна порта кон Средоземјето,а тоа го прави најзначајен град во развојот на економијата во земјата.Тој е всушност и најстариот град во Албанија.
Пензионерите секоја вечер се шетаа на различни локации, некои купуваа по нешто за спомен и сеќавање од ова летување.Покрај капењето во морската вода,сончањето најинтерсна забава им беше меѓусебниот турнир во шах што го организираше Бахи Спаију ,член на шаховската екипа при ЗП Струга.
Претседателот на Здружениејето на пензионери Струга, Милорад Трпоски,во врска со ова летување истакна:
,,Летувањата, а посебно оние во странство, се многу интересни и прифатливи и од пензионерите, бидејќи доаѓа до израз дружењето, меѓусебно запознавање но и запознавање на местата и државите каде што се патува односно каде што се летува.
Секраторот на ЗП Струга Изеир Мустафаи, истакна дека за време на патувањата и престојот во Драч,беа спроведени сите мерки за заштита од вирусот ковид 19.
Текст и фото: Стојан Кукунешоски
Facebook Коментари