Со почитување на сите протоколи започна учебната година во OOУ „Јосип Броз Тито”

- Локални
1234

OOУ „Јосип Броз Тито” Струга денеска ја започна новата наставна година со физичко присуство за учениците од прво до трето одделение во централното училиште и подрачните училишта во с.Мислешево, с.Враништа и с. Радожда.

„За учениците од четврто до деветто одделение се организира настава од далечина, за што е обезбедена интернет конекција за централното и подрачните училишта, набавени се нови лаптопи со донација од проектот Macedonia Schools Project и завршена е успешна дисеминација на наставниот кадар за користење на Националната платформа за учење од далечина.“ – изјави за Strugaonline, Лидија Гогоска, директор на OOУ “Јосип Броз Тито” .

-Предизвик за сите вработени ќе биде да се совладаат сите недостатоци на кои ќе наидат во текот на реализацијата на онлајн наставата. Учениците што наставата ќе ја следат со физичко присуство, поделени се на две групи поради помал проток на ученици, поголема безбедност и подобри услови за одржување на хигиена. – додаде Гогоска.

Тимот на OOУ “Јосип Броз Тито”  согласно протоколите денеска ги пречека учениците со посебно внимание на најмалите, првачињата кои прв пат седнуваат во училишните клупи.

-Сите ние, во вакви услови, а сепак насмеани и весели ќе успееме да ја пребродиме сегашната ситуација и да излеземе полни со знаење и убави мисли.-потенцираше директорката, посакувајќи им среќен и успешен почеток на учебната година на сите наставници и ученици.

Strugaonline

 

Facebook Коментари