364 нови случаи на ковид 19, еве кои мерки ги предлага Комисијата за заразни болести
Денеска се регистрирани 364 нови случаи на ковид 19 во земјава, соопшти министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес конференција.

Тој потенцираше дека поради есенскиот бран и големиот број на случаии во последниве денови, Комисијата за заразни болести предлага нови мерки: Забрана на поголеми семејни собири односно групирање во домовите. Бројот на лица кои ќе може да се прима дома да биде ограничен на четворица.
Комисијата предлага и забрана за групирање на јавен простор на отворено после 22:00 часот. Максимум заедно можат да бидат до 4 лица, со што, како што рече министерот, ќе се спречи собирање на младите по паркови и друг јавен простор.
Маски ќе се носат задолжително и во отворен и во затворен простор, исклучок од ова правило ќе има за спортување , во приватно моторно возило доколку се возите со членови на семејството или сами. Со почитување на мерките за заштита, маски нема да се носат и во кафулиња.
Задолжителното носење маски нема да важи и за деца до шест години.
Strugaonline

