Претпладне променливо облачно со повремени врнежи од дожд, претежно во јужните делови. Попладне облачноста делумно ќе се намали. Ќе дува умерен, вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Maксималната дневна температура ќе се движи во интервал од 10 до 16 степени. Утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен североисточен ветер. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 10 до 17 степени.
Извор: УХМР
Facebook Коментари