Во максимално неизсвесен натпревар екипата на Радовиш славеше над РК Струга со 26:24. Во првите петнаесет минути се играше гол за гол се до 7:7, па стружани дојдоа до позитива од 7-9, потоа Радовиш израмни , па успеа и да поведе со 14-11 а на одмор се замина со 14:12.
Ракометарите на Радовиш разликата ја одржуваа се до 40-та минута од вториот дел , кога Струга израмни на 16:16, потоа успеа и да поведе, но Радовиш направи серија од три гола за водство од 22-20. Потоа Стружани имаа и можност за реми но истата не беше искористена па во последните минути Радовиш дојде до +2 за конечен резултат 26:24
Strugaonline
фото: архива
Facebook Коментари