Денеска ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. Претпладне ќе има појава на магла по одделни котлини. Попладне облачноста од запад ќе се зголемува и ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Во текот на ноќта кон среда ќе има врнежи од дожд. Дневната температура ќе се движи во интервал од 10 до 15 степени. Утре ќе биде облачно со пообилни врнежи од дожд, на места поројни. На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец, особено вдолж поаврдарието и во источните делови. Максималните дневни температури ќе се движат во интервал од 7 до 12 степени.
Извор: УХМР
Facebook Коментари