Засилени сообраќајни контроли во Охрид, казни за 23 возачи

- Македонија
518

Со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот и почитување на одредбите од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, на 18-ти декември 2020 година Полициската станица за безбедност во сообраќајот Охрид спроведе засилени сообраќајни контроли во градот и приградските населби.

– Притоа, полициските службеници констатирале дека двајца возачи управувале возила под дејство на алкохол. Tие биле исклучени од сообраќај и против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави. Во текот на контролите, регистрирано е дека 23 возила извршиле непрописно престигнување и на возачите издадени им се прекршочни платни налози. Во пресрет на претстојните празници СВР Охрид ќе продолжи со засилени контроли во сообраќајот, информираат од СВР Охрид.

Извор: СВР Охрид

Facebook Коментари