Салоски Лутвија е нов претседател на Здружението на пензионери во Лабуништа

- Локални
544

На вонредна седница на Собранието на ЗП Лабуништа ,што се одржа на 20. 12.2020 година, Здружението на пензионери од Лабуништа што ги опфаќа околните населени места Подгорци и Боровец избра нов претседател.

Собранието беше свикано на иницијатива на Хамди Асани , делегат на СЗПМ и административното лице Есат Ферати.

По  едноминутно молчење за починатиот претседател на здружението Лутви Ќазимоски и други членови на собранието, Комисија за претседател го предложи  правникот Салоски Лутвија ,кој доаѓа од редовите на оваа здружение и беше  поранешен секретар на истото. По јавното гласање сите присутни членови едногласно избраа Салоски Лтвија,за да биде прв човек на ова здружение со мандат од четири години.

Собранието беше одржано според строго контролинраните мерки за заштита од Ковид -19

Текст и фото: Стојан Кукунешоски

Facebook Коментари