Стружаните Костески и Кузманоски се најдоа на листата на селкторот Брестовац за подготовките во јануари

- Локални, Спорт
793

Поранешните крила на РК Струга, а сега членови на Еурофарм Пелистер ,Ненад Костески и Цветан Кузманоски, се најдоа на списокот од 20 ракометари кој го објави селекторот на  машката сениорска репрезентација, Данило Брестовац, а се однесува на повикани ракометари за претстојниот собир во јануари. На списокот е и стружанецот Марио Танкоски.

Собирот на ракометарите  е закажан за  3 јануари во 12:00 часот, а потоа ќе следуваат  подготовки за претстојните квалификациски натпревари против Данска во март и во април со Финска и Швајцарија за пласман на ЕП 2022 во Словачка и Унгарија.

Strugaonline

Facebook Коментари