Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, СВР Охрид, до надлежното Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против 47-годишниот Ш.К. од Охрид.

– При извршена контрола на 21-ви ноември 2020 година, полициските службеници констатирале дека тој, организирал семејна веселба со присуство на 20 гости во неговиот дом. Со тоа, пријавениот постапил спротивно на одлуката и препораката за заштита на здравјето на населението од вирусот COVID-19, информираат од СВР Охрид.
извор: СВР Охрид
фото: архива
Facebook Коментари