Филипче: Второто полугодие продолжува со истите мерки и протоколи, нови одлуки ќе има во зависност од епидемиолошката состојба

- Македонија
440

Второто полугодие во оваа учебна година продолжува со истите мерки и протоколи како и досега.

-Ја следиме епидемиолошката состојба и доколку следните месеци се покаже стабилизирање ќе донесеме други одлуки. Но, тоа ќе се случи откако ќе бидеме сигурни дека трендовите со намалување на новозаразени со ковид ќе продолжат.- информираше министерот за здравство Венко Филипче.

Филипче и Царовска вчера одржаа состанок со претставници на Сојузот на средношколци.

Strugaonline

Facebook Коментари