Филипче: Засега нема потреба од заострување на мерките поради британскиот вид, наскоро ќе се знае датумот за пристигнување на вакцините

- Македонија
415

Министерот за здравство Венко Филипче, денеска во изјава за медиумите информираше дека наскоро ќе биде познато кога точно ќе добиеме вакцини од компанијата „Синофарм“.

„Овие денови интензивно разговараме за транспортот на вакцините. Ќе знаеме за кратко кога ќе пристигнат во нашата земја. Волјата за вакцинација ќе се изрази преку регистрација на сајтот, кој ќе биде активен од утре. Не сакаме да избрзаме, овој систем добро функционира“, истакна Филипче.

Што се однесува до британскиот сој на вирусот ковид 19, што до сега е детектиран кај 45 случаи, министерот истакна дека засега нема потреба од заострување на мерките .

Тој истакна дека во текот на вчерашниот ден разговарал со британската амбасадорска околу начинот на кој се рашири вирусот во Британија, и заедно со својот стручен тим смета дека засега нема потреба од отстапување од постоечките мерки.

 

Facebook Коментари