Денеска ќе преовладува сончево со мала до умерена локална облачност, студено и ветровито. Ќе дува умерен, вдолж Повардарието засилен ветер од северозападен правец. Дневната температура ќе се движи во интервал од -9 до 3 степени.
Утре ќе биде облачно, студено и ветровито со повремени врнежи од снег, особено попладне и најобилни во југозападните делови. До крајот на денот се очекува насекаде да се формира снежна покривка, а на планините да се зголеми. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Дневната температура ќе се движи во интервал од -5 до 1 степен.
Извор: УХМР
Facebook Коментари