MOН и средношколците постигнаа договор, ќе се полагаат два екстерни и два интерни испити

- Македонија
458

Министерството за образование и наука известува дека е прифатливо компромисното решение за начинот на полагање на државната матура коешто го прифати и Сојузот на средношколци. Предложениот модел е во интерес на сите матуранти, а Република Северна Македонија го задржува стандардот од 4 испити (2 екстерни и 2 интерни) и ниту еден матурант нема да биде оштетен.

 
Денеска Матурскиот одбор ќе ги разгледа сите  прашања кои произлегуваат од предложените услови по што ќе се воспостави методологијата за полагање на државната матура.Министерството за образование и наука во соработка со Матурскиот одбор навремено ќе ги информира матурантите за направените промени со цел успешно да се подготват за претстојното полагање на испитите.

Исто така, од МОН напоменуваат дека овој модел на полагање на државна матура бил веќе применуван во нашата држава од учебната 2007/2008 до учебната 2012/2013 година.

-Во извештаите на ОЕЦД државната матура како дел од образовниот систем е позитивно оценета и планираме и понатаму да ја подобруваме и унапредуваме.-додаваат од МОН.

Strugaonline

Facebook Коментари