Наутро студено, а преку денот сончево со мала до умерена облачност. Само на североистокот претпладне ќе има услови за појава на слаб снег. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер кој долж Повардарието краткотрајно ќе засилува. Дневната температура ќе се движи во интервал од -2 до 13 степени. Утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб, во југоисточните делови умерен ветер од југоисточен правец. По одделни котлини ќе има појава на утринска магла. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 2 до 10 степени.
Извор: УХМР
Facebook Коментари