Акциски контроли на СВР Охрид: Санкционирани пешаци и нелегален такси превоз

- Локални
451
На 18.02.2021 во периодот од 08 до 12 часот на подрачјето на СВР Охрид беше спроведена акциска контрола за прекршоци што ги прават пешаците во сообраќајот, при што биле констатирани 28 прекршоци за кои се изречени соодветни казни. За време на контролата биле констатирани и девет останати прекршоци.

Истиот ден,  полициската станица за безбедност во сообраќајот на патиштата Охрид, реализира акциска контрола кон такси превозници кои вршат јавен превоз на патници. Притоа, на регионалниот пат Охрид-Струга, во нелегален такси превоз без соодветна лиценца за превоз на патници во внатрешниот сообраќај, затекнати се А.П.(53) од Струга кој, превезувал патници со својот  автомобил „Сеат“ со струшки регистарски ознаки како и А.П.(30) од Струга, кој нелегален такси превоз на патници на релацијата Охрид-Струга, вршел со својот автомобил „Мерцедес“. Против нив, ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Извор: СВР Охрид

Facebook Коментари