Денеска ќе преовладува сончево, топло и претежно тивко време. Во утринските часови по одделни котлини ќе има услови за појава на слаба магла. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 16 до 22 степени. Утре претпладне сончево и топло, во утринските часови по одделни котлини ќе има појава на магла или ниска облачност. Попладне ќе дува умерен, вдолж Повардарието засилен ветер од северен правец што ќе предизвика опаѓање на температурата. Кон крајот на денот ќе има зголемување на облачноста. Дневната температура ќе се движи во интервал од 14 до 23 степени.
Извор: УХМР
Facebook Коментари