Доколку биде усвоен предлогот полицискиот час ќе трае во период од две недели и тоа секој ден независно дали е работен ден или викенд. Засега други рестриктивни мерки не се предвидени, но состојбата се следи, изјави министерот за здравство Венко Филипче.
– Евидентно беше дека изминатите денови се зголемува инциденцата и тоа најмногу во Скопје, потоа регионот на Кавадарци и Неготино, Прилеп и Охрид и тоа се реперкуира на зголемен на бројот на хоспитализации.
Поделени се мислењата кај епидемиолозите дали состојбата ќе биде како онаа во месец ноември, сакаме да го ублажиме притисокот кон болниците во моментов, и затоа се овие мерки. Засега нема да има дополнителни рестрикции за угостителите, таму има протоколи, а сите инспекторати имаат зголемени ингеренции, па со интензивна работа може да се контролираат протоколите, рече Филипче.
Министерот додаде дека засега нема да се препорача одложување на пописот, но состојбата будно ќе се следи.
Facebook Коментари