Бројката на учесници за ,,Трка на поезијата“ е речиси исполнета, учесниците строго да ги почитуваат протоколите за заштита од ковид 19
Градската трка во Струга наречена ,,Трка на поезијата“ што се организира за прв пат во историјата на градот речиси е исполнета.

,,Веќе сме до бројката 450 со што ни остануваат само уште 50 стартни пакети за пополнување на максималниот број дозволени натпреварувачи. Со оглед на ситуацијата во која се наоѓаме ние и целиот свет, бројот мора да биде ограничен поради почитување на мерките кои што ги наметнува самата ситуација. Ние како организатори и Вие како натпреварувачи ќе мора да се придржуваме до мерките кој што ги препишуваат надлежните иституции со цел да не настане поголемо влошување на ситуацијата. “-информираат организаторите.
Од таму додаваат дека нивното здружение, во соработка со медицински лица и консултации со епидемиолози го изработи и го надоградува протоколот за пред трката, за време на трката и после трката. Истиот протокол ќе се проследува и до одговорните институции во нашата држава со цел никој да не биде загрозен.
-Подготвени сме за максимален надзор за почитување на истиот протокол. Многу голема помош ќе ни биде доколку сите Вие учесници на настанот, тркачите, волонтерите и спонзорите на самиот настан заедно со нас максимално ги почитуваме протоколите како за самата трка така и надвор од неа за да не дојде до никакви компликации при организирањето на истата.-стои во соопштението од ,,Трка на поезијата“ што ќе се одржи на 23 мај.
Strugaonline
