Во организација на Оделението за соработка со Месни заедници и заштита и спасување, во просториите на Собранието на Општина Струга се одржа собир на граѓани кои живеат и имаат имот во с.Ржаново за избор на Совет и тела на Месната Заедница. Присутните граѓани на состанокот, за претседател на Советот во Месната Заедница с.Р жаново, за следнита четири години едногласно го избраа г-д Благоја Иваноски .
За секретар е избран г-д Горан Кузманоски а за благајник г-Трпе Негриески. За членови на Совет во Месна Заедница во с.Ржаново избрани се: Крсте Јаковчески, Ванчо Трајаноски, Васко Јаковчески, Александар Кузманоски, Димче Стојаноски и Ѓуро Маркоски.
Oд Оделението за соработка со Месни заедници и заштита и спасување при Општина Струга ифнормираат дека и во наредниот период ќе се одржуваат избори и во другите села од Малесијата, како што се во с.Буринец, с.Локов и други места каде е истечен мандатот на советниците на Месните заедници .
Facebook Коментари