Две лица од Охрид загинаа во сообраќајна несреќа на патот Ресен-Битола

- Хроника
569

На 11-ти март 2021 година, околу 13:40 часот во ОВР Ресен било пријавено дека на магистрален пат Ресен-Битола, кај место викано „Долна крстосница“, се случила сообраќајна незгода.

– Незгодата се случила помеѓу патничко возило марка „Мерцедес“ со охридски регистарски ознаки, управувано од страна на 36-годишниот Д.К. од Охрид и товарно возило марка „Волво“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од 33-годишниот Б.П. од кавадаречкото село Ваташа. Во незгодата, од здобиените повреди на местото на настанот починале возачот Д.К. и 34-годишниот Ј.Ќ. од Охрид, сопатник во возилото „Мерцедес“. Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Увид на местото извршила увидна екипа на ОВР Ресен, информираат од МВР.

Извор: МВР

фото: архива

Facebook Коментари