Лев банер Десен банер

Време- Во западните делови облачно со сончеви периоди, на исток со врнежи од снег

Денеска во западните делови од земјава ќе биде  променливо облачно со сончеви периоди, во источните значително облачно со врнежи претежно од снег. Ќе дува засилен северозападен ветер, особено вдолж Повардарието и во источните делови каде ќе досигнува брзина и над 65 км/час.

Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 4 до 12 степени.

Утре ќе биде умерено облачно и студено. Ќе дува засилен северозападен ветер, особено изразен во источните делови и вдолж Повардарието. Претежно на планините ќе провејува слаб снег. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 3 до 12 степени.

Извор: УХМР

error: