Засега нема нови рестриктивни мерки за заштита од вирусот ковид 19.
Министерот Филипче на денешната прес конференција иинформираше дека на утринскиот состанок со членовите на Комисијата за заразни болести одлучено е дека рестрикцијата за забрана на движење после 22 часот нема да се дополнува.
„Евидентно е дека се наоѓаме во екот на 3-тиот бран од почетокот на пандемијата и имаме постојан раст на бројот на активните случаи. Бележиме раст од нешто повеќе од 5.000 случаи во последниот месец. Состојбата во болниците говори дека имаме 1.100 пополнети болнички места и притисокот во изминатите денови посебно во Скопје беше навистина голем и правевме систем на менаџирање со сите директори на болниците и прилагодување на капацитетите и отворање на нови. Засега имаме сосема доволен број на болнички капацитети за сместување на пациентите. Сите КОВИД центри се во функција, некаде се користат, некаде сѐ уште не.“ – изјави Филипче
Тој додаде дека ако евентуално треба дополнителни рестрикции, за тоа би се одлучувало на нов состанок со Комисијата на почетокот на наредната недела.
Strugaonline
Facebook Коментари