Време-Облачно и студено, на места врнежи од слаб снег

- Македонија
364

Денеска ќе преовладува променливо облачно и студено време, во северните и источните делови со повремени локални врнежи од слаб снег. Ќе дува засилен ветер од северен правец, особено во источните делови и вдолж Повардарието (локално и над 60 км/час). Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 4 до 14 степени. Утре утрото ќе биде студено, преку денот променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 4 до 13 степени.

Извор: УХМР

Facebook Коментари