Исчезнат e Ислам Лумани од Ресен, доколку некој го видел да пријави
На социјалните мрежи се споделува апел за помош за момче од Ресен кое исчезнало.

„Во недела (21.03.2021) во 10 часот наутро е виден за последен пат Ислам Лумани, тој имаше облечено сини пантолони, црно палто и црни чевли. Се знае дека тој е тргнат да оди кон плажата во с. Крани, но постои можност да е отиден во се уште непознат правец. Денеска е четврти ден без него. Помогнете да го најдеме здрав и жив. Секоја информација од ваша страна е добредојдена“, пишува во објавата која се шири на Фејсбук.
Телефон за контакт:
+389 70743937
+389 71841758
+389 75848084

