Филипче: Во недела во Македонија пристигнуваат 24.000 вакцини на Астра Зенека

- Македонија
390

Оваа недела, на 28-ми март, во 07:55 часот во Скопје пристигнува првата пратка од 24.000 вакцини на Астра Зенека преку Ковакс системот, објави на неговиот профил на Facebook Министерот за здравство , д-р Венко Филипче.

Претходно, Филипче најави дека масовната имунизација на населението во земјава со вакцини против ковид-19 ќе почне во април.

Facebook Коментари