Време- Сончево со мала до умерена облачност

Денеска ќе преовладува сончево време со мала до умерена, попладне повремено со значителна облачност. Во текот на ноќта ќе има локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, кој попладне вдолж Повардарието на места ќе засилува. Maксималната дневна температура ќе се движи во интервал од 18 до 24 степени. Утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне во северните делови ќе има услови за повремен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, кој вдолж Повардарието повремено ќе засилува. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 17 до 23 степени.

