Седум лица кои го остварија своето педесетто дарување крв добија признанија од Црвен крст-Струга

- Локални
1119

Црвен крст Струга ги додели плакетите за педесеткратни  крводарители.

Станува збор за седум лица кои во период од 2019-та до 2020-та го оствариле своето јубилејно педесетто дарување крв.

Плакети добија: Бранкица Мартиноска, Владо Грбиќ, Раде Парталоски, Стефан Стојаноски, Ѓоко Ќушкоски, Зиба Фејзи и Васил Радиноски.

,,Горди сме за нивните достигнувања им посакуваме добро здравје, да чекорат кон патот на хуманоста да даруваат крв и да спасуваат животи“, – велат од Црвен крст-Струга.

Инаку, по повод доделувањето плакети и благодарници на крводарителите, Црвен крст-Струга секоја година на 17-ти март одржува Свечена академија , но оваа година истата не се одржа поради пандемијата.

,,Имаме и многу крводарители кои минатата година го имаа своето, десетто, дваесетто дарување крв итн, но одлучивме да ги повикаме само лицата кои го имаа своето педесетто дарување поради тоа што состојбата со пандемијата и протоколите не дозволуваат да има поголеми собурања.,, – додаваат од Црвен крст.

Од таму изразија надеж дека следната година Свечената академија ќе се одржи во својата регуларна форма.

Strugaonline

Facebook Коментари