Мерко и Талески со честитки до ТППЕ-Струга по повод 20-мај, Денот на пожарникарите

- Локални
624
Денеска се одбележува 20-ти мај , Денот на пожарникарите.
Градоначалникот Рамис Мерко изрази благодарност и почит за континуираната работата и посветеност, како и за нивната должност како пожарникари кои честопати ги стават своите животи во опасност за безбедноста на граѓаните.
Градоначалникот Мерко им се заблагодари  на пожарникарите од ТППЕ-Струга и за нивната соработка за време на состојба предизвикана од КОВИД-19.
  Секој ден вршеа дезинфекција на улиците и патиштата, училиштата, установите и сите јавни места, секогаш водејќи сметка за хигиена и јавното здравје.“- посочи Мерко.
Секретарот на Општина Струга, Ристе Талески кој претходно беше дел од тимот на ТППЕ-Струга потенцира дека улогата на пожарникар во денешното општество е посветеност , професионалност и пожртвуваност.
-Без оглед во која држава живееме и работиме, во противпожарната служба се бориме заедно против еден заеднички непријател – оган , без разлика од која земја доаѓаме, каква униформа носиме или на кој јазик зборуваме.
Кога човекот станува пожарникар, неговото најголемо дело на храброст е постигнато.
Секој спасен живот значи среќно семејство. Без пожарникарите, оваа хумана мисија ќе биде невозможна.Продолжете да бидете гордост и гаранција за нашиот безбеден и безгрижен живот.- порача Талески.
Strugaonline

Facebook Коментари