МЗ: Вчера вкупно се вакцинирале 6.940 граѓани

- Македонија
386
Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата.-информираат од МЗ.
Вкупно се аплицирани 267.167 дози вакцини, а ревакцинирани се 42.831 граѓани.
Вчера вкупно се вакцинирале 6.940 граѓани.
Прва доза вакцина вчера примиле 2.958 граѓани.
Бројот на лица кои изразиле желба за вакцинација преку веб платформата vakcinacija.mk е 422.503 граѓани.
Со последните бројки 46% од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина.
Со последните бројки 39% од населението над 65 години имаат примено барем една доза вакцина.
Пријавете се на vakcinacija.mk бидејќи тоа е најлесниот и најбрз пат до термин за вакцинација.-апелираат од МЗ

Facebook Коментари