ЛТХ ЛЕАРНИЦА ДООЕЛ Охрид вработува: ИНЖЕНЕР ЗА КВАЛИТЕТ НА ПРОИЗВОД
Квалификации:
- Диоломирани машински инженери-инженери од техничките науки / дадена предност со работно искуство како машински инженер во автомобилска индустрија/апсолвенти
- Одлично познавање и активна примена на англискиот јазик ( германски ќе се смета за предност)
- Способност за читање и разбирање на цртежи, упатства и спецификации
- Познавање на работа со компјутери, МSOffice (Excel, Word, PowerPoint, Outlook), способност за математичко и статистичко решавање на проблеми од областа
- Управување со време, високо ниво на иницијативност и технички прецизна комуникација, аналитичност и способност за работа со рокови
Одговорности:
- Имплементација на постапки за контрола на квалитетот на производите во соработка со производство, подготовка на контролната документација, акции за подобрување на квалитетот на процесите
- Идентификува неусогласености и превзема превентивни мерки, предлага корективни мерки за отстранување на неусогласеностите во процесите, воведува нови системи за обезбедување на квалитетот.
- Врши контрола на системската документација во поглед на барањата на стандардите кои се имплементираат во компанијата
- Врши модерација на FMEA системот и решава рекламации
- Обезбедува соодветни обуки, насоки и совети со цел производниот тим да го постигне бараниот квалитет
- Обезбедува и врши подготовка на податоци,анализи и извештаи за подготовка на годишните интерни и екстерни аудити (редовни и вонредни)
Услови за работа:
Позицијата бара користење на заштитна опрема, работа 40h неделно/ 8h дневно. Локација: ЛТХ Леарница ДООЕЛ Охрид.
Нудиме:
- Соодветен почетен месечен надоместок, едукација и напредување, размена на знаења низ Групацијата
- Покриени трошоци за превоз до и од работа, обезбеден топол оброк
- Во случај кандидатот да доаѓа од друг град, покривање на трошоци за сместување
- Исплата на регрес за годишен одмор согласно услови за стекнување на правото на регрес
- Исплата на новогодишен надоместок
- Доброволно приватно здравствено осигурување
- Награди и бонуси согласно покажани резултати
Facebook Коментари