Соопштение за граѓаните од Струга и Охрид кои не добиле сметки за колекторски услуги

- Локални, Останати
908

Јавното претпријатие Колекторски систем ги известува граѓаните на Струга и Охрид кои се корисници на водоводни и канализациони услуги од јавните водоводни претпријатија , односно имаат потрошувачка регистрирана на водомерното броило, дека од јануари 2021 година ЈП Колекторски систем Скопје, започна со издавање на сопствени месечни сметки за колекторски услуги кои до декември 2020 година беа составен дел на водоводните сметки. Истите се доставуваат од страна на Македонска пошта. Доколку корисниците од било каква причина немаат добиено месечна сметка за колекторски услуги , да се обратат директно во наплатните пунктови во Струга и Охрид , на телефонските броеви –о46 527-294 и 046 527 -295 или на емаил- [email protected]

Истите можат да се регистрираат електроснски на e-naplata.kolektorskisistem.com.mk, при регистрацијата треба да се користи шифрата на корисник од водоводната сметка , а во исто време можат да извршат и уплата на истата.

,,Доколку плаќањето не се изврши  во предвидениот рок пресметуваме законска затезна камата и следуваат соодветни правни постапки  за неплатен долг. “-стои во соопштението од ЈП Колекторски систем на Северна Македонија

Strugaonline

Facebook Коментари