Во Струга одбележан денот на Првата македонска пролетерска бригада

- Локални
927

На 8 јуни 1944  ,во село Локов Струшко  формирана е Првата македонска народно-ослободителна ударна бригада, подоцна прогласена за пролетерска.

Поради пандемијата на корона-вирусот,одложен беше планинарскиот марш кој секоја година се одржува во чест на бригадата на релација Струга-Малесија.

Свеченостите во чест на формирањето на бригадата се одржа вчера во Струга, пред споменикот на НОБ каде што претседателот на општинската  организација на Сојузот на борците од Струга Ајрадин Мемети,одржа историски час и во кратки црти ги запозна присутните со формирањето на бригадата како и за значењето на истата и борбениот  пат на бригадата до прогласувањето на пролетерска бригада.

Членовите на Општискиот одбор на борците и подржувачите од Струга и струшко, делегација од локалната самоуправа, Здружението на пензионери, Здружението на Титоисти, делегации на политичките партии, делегации на училишта како и на поединци  полжија цвеќе на споменикот од НОБ.

Настанот се одржа  во согласност со протоколите за заштита од ковид 19.

Текст и фото:Стојан Кукунешоски

Facebook Коментари