Самохраните родители од Струга ќе добијат поддршка од општината

- Локални
740
Општина Струга, започна со мапирање на самохраните родители и еднородителски семејства од нејзина територија. Жителите на Струга кои припаѓаат на оваа категорија граѓани ќе може да аплицираат на јавниот оглас кој е ќе биде објавен на интернет страната на oпштината и на официјалната страна на фејсбук и инстаграм.
,, За таа цел, денеска, во Општина Струга беше потпишан и Меморандум за соработка во насока на поддршка на самохрани родители и еднородителски семејства, што ќе овозможи пристап до информации, пружење помош при обезбедување на правата на самохрани родители и еднородителски семејства во сите сегменти на животот, нивна инклузија, како и подигнување на јавната свест и одговорност за оваа категорија на граѓани.“ -информираат од Општина Струга.
Оваа социјална активност од сферата на еднакви можности на жените и мажите се одвива во соработка со Здружението за еднакви можности „Една може“ со седиште во Скопје, а е дел од проектот „Институционална поддршка од Цивика Мобилитас“.
Strugaonline

Facebook Коментари