Укинување на полицискиот час, да нема ограничување за гости на свадби предлага Комисијата за заразни болести
Комисијата за заразни болeти на утринскиот состанок донесе нови одлуки, информира министерот за здравство Венко Филипче.

-Се предлага од среда, 16-ти јуни, целосно да се укине полицискиот час, да се укине ограничувањето од максимум 100 гости на свадби и прослави и да се дозволи организација на настани, концерти и забави во клубовите и локалите само на отворено, со капацитет до максимум 50% од објектот и не повеќе од 1000 лица.
Овие прелог мерки ќе бидат доставени до Кризниот штаб на усвојување.

