Време-Сончево и многу топло

- Македонија
357

Денеска ќе преовладува сончево и многу топло време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, особено во западните делови. Попладне во североисточните делови ќе има услови за краткотраен локален дожд и ретки грмежи. УВ=8. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 33 до 41 степен. Утре ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. УВ=8. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 30 до 38 степени.

Извор: УХМР

Facebook Коментари