Лев банер Десен банер

Во Струга нема активни случаи на ковид 19

Во Струга нема активни случаи на ковид 19, во денешната статистика, Струга изминативе денови имаше само еден активен случај, а денеска тој е во статистиката на излекувани.

 

Во последните 24 часа се направени 2.514 тестирања, а регистрирани се 4 нови случаи на КОВИД-19 од: Скопје – 3, Битола – 1.

Регистрирани се 11 оздравени пациенти од: Куманово – 4, Скопје – 3 и Крива Паланка, Струга, Гевгелија и Радовиш – по 1.

Не се регистрирани починати лица.

Досега во земјата се направени вкупно 872.894 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.673, бројката на оздравени пациенти е 149.961, на починати е 5.484, а бројот на активни случаи изнесува 228.

Strugaonline

error: