Во Македонија пристигнаа 500.000 дози вакцини од кинески „Синовак“

- Македонија
315

Првиот авион од вкупната пратка од 500.000 дози вакцини, што ги купивме од производителот „Синовак“ слета утрово на скопскиот аеродром, објави  министерот за здравство д-р Венко Филипче.

– Во текот на претпладневните часови се очекува да пристигнат и останатите количини. Благодарност до Народна Република Кина за заложбите да ја добиеме оваа поголема количина на вакцини и за точноста во испораката на истите, потенцира министерот.

 

Facebook Коментари