Од денеска е укинат роамингот помеѓу земјите од Западен Балкан

- Македонија
640

Од денеска се укина роамингот за телефонски разговори, СМС пораки и интернет меѓу Северна Македонија, Србија, Црна Гора, Албанија, Косово и Босна и Херцеговина.

Тоа значи дека од денеска корисниците на роаминг-услугите во земјава нема да доплаќаат повисоки цени од домашните тарифни модели за користење на роаминг-услугите кога ќе патуваат во останатите пет земји  без разлика дали станува збор за користење на интернет, говор или СМС. Влезниот повик во роаминг ќе се третира исто како и влезниот повик во домашниот пазар односно без дополнителен надомест за корисникот.

Ова произлегува од  Договорот од Вториот дигитален самит од 2019 година меѓу шесте држави од Западен Балкан.

Facebook Коментари