Потврден случај на индискиот сој во Велес, се чекаат резултати од уште неколку лица

- Македонија
616

Еден случај на лице заразено со индискиот сој е детектиран во Велес, информираше денеска министерот Филипче.

Во меѓувреме, се тестираат уште четири лица сомнителни за овој сој на коронавирусот, кои не се поврзани со лицето во Велес.

„Детектиран е уште еден случај, кој се лекува во Велес, и има лесна клиничка слика и чекаме резултати за четири пациенти, само еден е во потешка слика на респираторна машина, другите со стабилна клиничка слика. Скринингот кој се прави на тестовите ја исклучува британската варијанта. Што значи дека секаде каде скринингот ќе покаже дека не е британската варијанта, се прави испитување дали е индискиот сој“, изјави министерот Венко Филипче.

Facebook Коментари