Тимовите на ЈП Комунално Струга засадија седумдесет нискостеблести дрвја на улица ,,Партизанска“

- Локални
635
ЈП Комунално продолжува со раззеленувањето и подигнување на нови дрвореди на градските улици во општина Струга.
-Денеска беа засадени околу седумдесет нискостеблести дрвја од типот златна туја на новиот дрворед на улица Партизанска што веднаш се вклучуваат во екосистемот на нашиот град.-информираат од претпријатието.
Директорот Иќмет Ислами изјави дека ЈП Комунално Струга континуирано сади ново и го обновува постојаното градското зеленило со што граѓаните сами можат да ја видат разликата.
Истовремено, eкипите од секторот јавна чистота и јавно градско зеленило продолжуваат со редовно одржување на тревните површини како и метење на различни улици и јавни површини во градот.
Strugaonline

Facebook Коментари