ИЈЗ: Изминатава недела се регистрирани 40 позитивни случаи, нема починати лица

- Македонија
266
-Од 28 јуни до 04 јули 2021, тестирани се вкупно 17.795 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно  и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со намалување од 0,9% во однос на минатата недела. Регистрирани сe 40 нови позитивни случаи од девет градови во државата, со намалување од 16,7% – стои во неделниот извештај на Институтот за јавно здравје.
Не се пријавени смртни случаи асоцирани со COVID-19 од 28.06 до 04.07.2021 година.
А најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=21; 52,5%), со неделна инциденца – 3,4/100.000. Највисока неделна инциденца од 23,1/100.000 е регистрирана во Берово.
Процентот на позитивност се движи од 0,1% до 0,4%, а просечно 0,2%.
Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица над 60 (n=13, 32,5%). Најмал број е регистриран кај возрасната група од 10-19 години (n=1; 2,5%).
По добиени 2 негативни теста за присуство на SARS-CoV-2 или со употреба на новиот алгоритам, со статус „оздравени“ се стекнале 69 лица кое биле хоспитализирани или на домашно лекување, со намалување од 21,6% во споредба со минатата недела.
Најмногу вакцинирани со Sinopharm и со Pfizer/Biontech
На 17.02.2021 во Р. С. Македонија започна вакцинацијата против COVID-19. Заклучно со 03.07.2021, аплицирани се:
• 149.169 дози на Pfizer/Biontech (100.626 со прва доза и 48.543 со втора доза),
• 45.249 дози на Sputnik V (22.878 со прва доза и 22.371 со втора доза),
• 54.727 дози на AstraZeneca (45.548 со прва доза и 9.179 со втора доза) и
• 298.596 дози на Sinopharm (150.279 со прва доза и 148.317 со втора доза)
• 50.010 дози на Sinovac (49.955 со прва доза и 55 со втора доза).
Заклучно со 03.07.2021 вакцинирани се вкупно 369.286 лица со барем една доза на вакцина против КОВИД-19. Комплетно се вакцинирани вкупно 228.465 лица.

Facebook Коментари