Рокот за втора доза со вакцината Астра Зенека ќе се скрати на 6 недели

- Македонија
534

Министерот за здравство Венко Филипче денеска информираше дека е скратен интервалот меѓу првата и втората доза со вакцината Астра Зенека.

Oдлучено е втора доза од оваа вакцина да се прима на шест, наместо на 12 недели како досега.

– Така ќе биде сега со сите граѓани кои ќе треба да се ревакцинираат со оваа вакцина. Во упатството има една флексибилност од 4 до 12 недели, ние бевме многу внимателни чекајќи ги сите публикации и искуства на други земји за првично регистрирани несакани ефекти. Како гледаме дека тој ризик е прилично минимален одлучуваме ревакцината да биде на шест недели, појасни  Филипче.

Strugaonline

фото: архива

Facebook Коментари