18 нови случаи на ковид 19, 7 оздравени, нема починати

- Македонија
395

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје:

Во последните 24 часа се направени 2.798 тестирања, а регистрирани се 18 нови случаи на КОВИД-19:

Скопје – 11 , Тетово – 6 и Свети Николе – 1.

Регистрирани сe 7 оздравени пациенти од: Скопје – 3, Битола, Струмица , Кичево и Берово – по 1.

Не се регистрирани починати пациенти.

Досега во земјата се направени вкупно 917.179 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.840, бројката на оздравени пациенти е 150.146, на починати е 5.487, а бројот на активни случаи изнесува 207.

Facebook Коментари