На 18-ти јули со почеток во 12:00 часот во Центарот за култура ,,Браќа Миладиновци“ во Струга ќе биде отворена изложбата ,,Исечоци“ од Санда Миева.
На изложбата ќе бидат претставени цртежи, слики и скулптури изработени во неколку техники, како колаж, акрил, мозаик.
Санда Миева е дипломиран ликовен уметник со неколкугодишно искуство, чијашто творечка работа го опфаќа доменот на повеќе уметнички правци, скулптурата, мозаикот, сликарството, и експериментални нови уметнички практики.
За сите љубители на уметноста, оваа изложба во Струга ќе биде отворена до 23-ти јули.
Strugaonline
Facebook Коментари