Утрово во земјава пристигнаа 20.000 вакцини на „Астра Зенека“, донација од Република Хрватска.
-Веќе од следната недела вакцините ќе бидат дистрибуирани по вакциналните пунктови низ земјава. Ова е втора донација на вакцини„Астра Зенека“, од страна на хрватската ВладаГолема благодарност до хрватската Влада за солидарноста покажана во изминатиот период. Со ваквиот чин на пријателство процесот на борба против корона вирусот е поуспешен за целиот регион.- напиша министерот Филипче.
Strugaonline
Facebook Коментари