Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација, информираат од Министерството за здравство (МЗ) на Република Македонија.
– Вкупно се аплицирани 982.645 дози вакцини, а ревакцинирани се 439.048 граѓани. Вчера вкупно се вакцинирале 17.679 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 8.030 граѓани. Со последните бројки 66% од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина. 63% од населението над 65 години имаат примено барем една доза вакцина. 59% од населението над 60 години имаат примено барем една доза вакцина, а 48% од населението над 50 години имаат примено барем една доза вакцина, додаваат од МЗ.
Facebook Коментари