Време- Сончево со умерена локална облачност

Денеска ќе преовладува сончево време со умерена локална облачност. Во планинските подрачја ќе има услови за краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец. УВ=7. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 27 до 34 степени. Утре ќе биде сончево со умерена облачност и со слаб до умерен ветер од јужен правец. Попладне претежно на истокот од земјата ќе има услови за локална нестабилност со краткотраен пороен дожд. УВ=6. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 26 до 35 степени.
Извор: УХМР

