Лев банер Десен банер

Вечерва во Струга се игра езерско дерби

Натпреварот од второто коло Супер лига мажи помеѓу екипите на РК Струга и РК Охрид  ќе се одигра вечерва со почеток во 19:00 часот во Спортската сала при СОУ ,,Нико Нестор” во Струга.

Согласно мерките за спречување на ширењето на КОВИД-19 според кои се дозволува организирање и одржување на спортски натпревари со присуство на публика, на затворено со 30% од капацитетот на просторот, имка  ограничен број на билети , истите можевте  да ги набавите од 13.09.2021 до денеска до 12:00 часот во канцелариите на РК Струга.

Влез во сала е дозволен само доколку имате доказ дека поседувате сертификат за примена најмалку прва доза вакцина или сертификат за прележаност не постар од 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето.

Strugaonline

error: