Лев банер Десен банер

ЈП Комунално-Струга спроведе акција за чистење на улиците ,,Олга Стојаноска“ и ,,Петар Ѓончевски- Гиле“

Екипите на ЈП Комунално-Струга од работната единица јавна чистота спроведоа акција за генерално чистење на улиците ,,Олга Стојаноска“ и ,,Петар Ѓончевски- Гиле.“.  Во рамките на акцијата се вршеше рачно метење, чистење на ивични траки како и подигање на непрописно одложениот отпад надвор од корпите на отпадоци.
Акцијата ќе продолжи и во наредните денови во различни делови на градот.
Исто така ЈП Комунално-Струга ги известува сите корисници на услугите, дека за сите проблеми и поплаки поврзани со нивните активности на терен, можете да се обратите  на тел.046 786 640, на е маил komunalnostruga@yahoo.com како и на нивната Facebook страна.

error: